Кејт Мидлтон, кралицата Камила и Меланија Трамп / Фото: Aaron Chown / PA Images / Profimedia

ФОТО | Модниот двобој меѓу Меланија Трамп и Кејт Мидлтон: Американската прва дама повторно е „жешка“ тема за која сите зборуваат

Првата дама на Америка, Меланија Трамп, повторно го претвори дворскиот протокол во моден настан. Имено, на историската средба во Виндзор, таа се појави во строго скроен сив костум и широк виолетов шешир со драматичен обод, потврдувајќи дека не се откажала од својот заштитен знак уште од инаугурацијата на сопругот Доналд Трамп.

 


Во првиот јавен момент на американската претседателска двојка во замокот Виндзор, под покровителство на раскошниот протокол и кралското добредојде што го предводеа принцот и принцезата од Велс, изборот на гардероба на Меланија повторно стана „жешка“ тема. Станува збор за историска посета исполнета со церемонијални елементи, па затоа се очекуваше модните пораки да бидат намерни и јасно читливи во секој кадар.

Кејт Мидлтон, принцот Вилијам, Доналд Трамп и Меланија Трамп / Фото: Ian Vogler/Daily Mirror / PA Images / Profimedia

Принцезата Кејт заедно со принцот Вилијам ги поздравија американскиот претседател и првата дама кога се симнаа од бродот „Марин уан“ по слетувањето на имотот Виндзор, пред да ги однесат на средба со кралот Чарлс и кралицата Камила. Кејт била облечена во бордо фустан од Емили Викстед, со соодвете шешир од Џејн Тејлор и брош од пердуви.

Додека Трамп излегувал од авионот, принцот Вилијам и Кејт чекале на дното од скалите за да го поздрават.

Кејт Мидлтон / Фото: Aaron Chown / PA Images / Profimedia

Меланија, пак, за дневниот протокол, избрала антрацит сив костум со нагласена половина и здолниште под колената, кроен во строги линии, а воедно женствен, благодарение на пеплум силуетата и чистите рабови. Темните кожени ракавици и салонките со шпиц (уште еден нејзин заштитен знак) ја издолжиле линијата на фигурата и ја изедначиле палетата, правејќи ја целата комбинација основа врз која шеширот ја презема главната улога.

 

Најимпресивниот дел од појавувањето на американската прва дама бил токму шеширот со широк обод, доволно ниско спуштен за да го засени погледот и да ја зголеми дозата на мистичност. Истиот драматичен ефект беше виден и на инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп, кога ширината на ободот создаде визуелен штит и покрена бран коментари за „инкогнито“ естетиката.

Спектакл во Виндзор: Полирани кралски кочии подготвени за Доналд и Меланија Трамп

ВИДЕО | Трамп и Меланија пристигнаа во Лондон: Читач на усни открива што ѝ се пожалил тој кога слетале

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот