Фото: Профимедиа

ФОТО | Моден двобој на Брижит Макрон и кралицата Ранија: Фустаните ги платиле по 1.000 евра

Јорданската кралица Ранија му се придружила на својот сопруг кралот Абдула Втори и нивниот син во посетата на Париз. Во улога на домаќин во Елисејската палата ги дочекал францускиот претседателски пар Макрон.

Посетата на француската престолнина, јорданската кралица Ранија ја означила со ефектен стајлинг за каков во улога на домаќинка се одлучила и првата дама на ФранцијаБрижит Макрон.


Оваа поранешна наставничка со функција на прва дама на Франција разви препознатлив моден стил и ретко кога излегува од својата комфорна зона, а која најчесто ја сочинуваат совршено скроени капути и палтиња, тесни панталони или минијатурни фустани со А-крој во кои доаѓа до израз нејзината вита фигура.

За средбата со јорданската кралица ниту овојпат не се откажала од своите добитни модни комбинации, издание кое го креирала со елегантен моел на бел фустан до колена. Неговите 3/4 ракави се нагласени со детали бели копчиња, а како бројни модни парчиња досега и оваа креација е од нејзиниот омилен бренд „Луј Витон“.

Фото: Профимедиа

Елегантниот фустан со строги линии 69-годишната Французинка го надополнила со класични салонки во беж боја, а на нејзиниот стајлинг одлично ѝ парирала јорданската кралица Ранија која важи за една од најдобро облечените жени на планетата.


Една од најубавите, но и најдобро стилизирани кралици на светот го привлекла вниманието во светло-синиот фустан кој го платила цело богатство.

За да ја направи поформална, нејзиниот оригинален прорез на подрачјето на стомакот го покрила со ткаенина со иста боја, а позната е и како голема љубителка на модни додатоци, па ја искомбинирала со посебна верзија на чантата „By The Way Boston“ со потпис на италијанскиот бренд „Фенди“.


Како и првата дама на Франција, своето формално издание го заокружила со класични салонки чија бела верзија ја потпишува познатиот дизајнер на чевли Џими Чу.

Кога од нив две е поубаво облечена?

ФОТО: Брижит Макрон ја воодушеви јавноста со оваа модна комбинација

ФОТО | Кралицата Ранија во хит бојата за пролетта 2021: Секогаш совршено стилизирана!

Свилен комплет и чевли од кои застанува здивот: Кралицата Ранија потврди дека е неприкосновена икона на стилот! (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот