
ФОТО | Милош Биковиќ се вери: Српскиот актер кој наскоро ќе стане татко го избра совршениот прстен
Српскиот актер Милош Биковиќ неодамна откри дека го чека првото дете со својата избраничка Ивана Малиќ.
Препорачано
Популарниот српски актер и црногорската адвокатка, кои се во врска нешто повеќе од две години, со нетрпение го очекуваат своето прво дете, а убавата Ивана на свет ќе донесе момче.

Како што дознава српски „Курир“ Милош во тајност се верил со Ивана со оглед дека се обидуваат да го држат приватниот живот подалеку од очите на јавноста.
„Познато е дека Милош не сака јавно да открива детали од приватниот живот. Сака да избегне помпезност и еуфорија и сака чинот на брак да се изврши во строга тајност. Откако Ивана остана бремена, тие двајца зборуваат за официјално венчавање, а тоа ќе се случи пред да станат родители. И двајцата се согласија дека е најдобро да споделуваат информации за интимниот чин со нивните следбеници и јавноста само кога сè ќе заврши“, вели изворот за „Курир“.
Но, набрзо откако се проширија вестите дека заљубениот пар се верени, актерот екслузивно за „Блиц“ во кратка изјава потврди дека информацијата е точна.
„Да тоа е точно. Се веривме летово“, изјави Милош Биковиќ за „Блиц“.

Очигледно Милош избрал многу убав веренички прстен, бидејќи неговата избраничка повеќе не го крие, а се пофали и на својот Инстаграм. Ивана позираше пред огледало со маска на лицето, а на сликата јасно се гледа вереничкиот прстен.
ФОТО | Девојката на Милош Биковиќ го покажа трудничкиот стомак: Адвокатката изгледа прекрасно