Фото: Инстаграм

ФОТО | Мајката на Тамара и Тијана го прослави 76. роденден: „Среќен роденден мама“

Мајката на пејачките Тијана Дапчевиќ и Тамара Тодевска, Брана, го прослави својот 76-ти роденден. Со оглед на тоа дека Тијана живее во Белград, сестрите одлучија да ја изненадат нивната мајка и да го поминат овој ден заедно. За оваа пригода тие одбраа еден елитен ресторан каде со чаша вино наздравија за животот.

– Среќен роденден мама – пишува на објавата која пејачките ја споделија на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм

Инаку, Брана е поранешна оперска пејачка, додека нивниот татко Велко е поранешен професор по контрабас. Тие не се во брак, но секогаш се сплотени и заедно во првите редови за да ги поддржат нивните ќерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот