
ФОТО | Мајката на Шерон Стоун почина на 91 година: Актерката ја криела нејзината смрт четири месеци
Иако Шерон Стоун (67) ја објави смртта на нејзината мајка оваа недела, докторката Мери Стоун (91), според некрологот во весникот „Дејли интер лејк“, починала во март.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Мајката на Мајкл, Шерон и Кели и покојниот Патрик Стоун, почина мирно опкружена со семејство и блиски пријатели на 26 март 2025 година“, пишувало во некрологот.
Шерон сега сподели нивна заедничка фотографија на својот инстаграм-профил, со опис: „Мојата урнебесна, комплексна мајка почина. Производ на последната голема депресија. Ајде да НЕ поминуваме низ тоа повторно. Ајде да се заштитиме едни со други и да се грижиме едни за други.“
View this post on Instagram
Дороти е родена на 26 мај 1933 година во Франклин, Пенсилванија, а се омажила за Џозеф Стоун во 1950 година. Таткото на Шерон починал во 2009 година на 79-годишна возраст.
Изјави со сочувство во врска со загубата на нејзината мајка до актерката испратиле нејзините колеги и бројни следбеници, од кои има повеќе од четири милиони само на Инстаграм.
„Таа родила инспиративна жена!“, „Почивај во мир“, „Жал ми е, Шерон. Ти праќам љубов и сила“, „Многу ми е жал за твојата загуба, Шерон“, се нижеле коментарите.
Стоун сподели фотографија од своите родители во мај, но не ја спомена експлицитно смртта на нејзината мајка.
View this post on Instagram
„Ова беа Тие; Прекрасната двојка. На ангелски крилја.“, напиша актерката во објавата.
Инаку, Шерон се соочи со големи загуби кога нејзиниот помлад брат Патрик почина од срцев удар на 57-годишна возраст. Тоа беше во 2023 година.
„Вчера го загубивме мојот брат Патрик Џозеф Стоун од срцев удар“, објави таа тогаш во видео на Инстаграм.
„Како и секое семејство, ви благодариме за вашата љубов и поддршка во ова време на огромна тага и ги цениме сите ваши сочувства“, напишала Шерон Стоун.
Пред смртта на Патрик, во август 2021 година, почина неговиот 11-месечен син Ривер. Ривер беше во болница една недела бидејќи му откажале сите негови органи.
„Мојот внук Ривер Стоун во своето креветче. Сите органи откажуваат… Ве молам, молете се за него. Ни треба чудо“, напишала Шерон денот пред смртта на Ривер, покрај фотографија од момчето поврзано на апарати.
ФОТО | Шерон Стоун се појави со најдлабокото деколте до сега: Сѐ уште изгледа како божица