Мадона / Фото: Принтскрин / Инстаграм

ФОТО | Мадона конечно фотографирана без ракавици: „Нејзините раце се доказ дека има 66 години“

Американската поп-дива Мадона за прв пат по долго време беше фотографирана во Њујорк без омилениот моден додатоккожените ракавици, а нејзините раце станаа тема на коментари на социјалните мрежи.

Таа е позната како личност која многу внимава на изгледот на лицето и редовно се подложува на третмани за затегнување, што е очигледно. Сепак, многумина ја критикуваат поради идејата засекогаш да остане млада.

Изгледот на нејзините раце, нè потсетува на фактот дека не може сè да се смени со естетски процедури, што се разбира, е сосема во ред.

 

„Нејзините раце се доказ дека има 66 години. Треба да престане да го затегнува лицето бидејќи изгледа смешно“, „Нема ништо лошо во тоа да изгледате природно“, „Сè се гледа на вашите раце, нема потреба од пластична операција. Природно е најдобро“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Во 2016 година, Дејли Мирор објави дека Мадона била подложена на мезотерапија и редермализација за да се ослободи од брчките и истакнатите вени на рацете.

Како што е познато, таа веќе подолго време објавува претерано фотошопирани фотографии на Инстаграм, поради што често е мета на шеги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот