
ФОТО | Летото е за бикини: Кајли Џенер го истакна своето бујно деколте
Американската ријалити ѕвезда Кајли Џенер позираше во костим за капење додека ужива на одмор во Тоскана, воодушевувајќи ги своите бројни следбеници на социјалните мрежи со својот изглед.
Препорачано
Нејзиното бујно деколте беше во преден план. Носеше бикини со леопардски принт, што дефинитивно е моден хит оваа сезона. Изгледот го надополни со малку виткана коса и шминка во нежни нијанси.




„Совршената жена“, „Изгледаш прекрасно“, „Изгледа дека црешите ќе станат задолжителен моден додаток ова лето“, „Една од најубавите жени на светот“, беа комплиментите што следеа.
Таа неодамна објави дека соработува со Франческа Ајело, основачката на брендот Frankies Bikinis, а сè уште не е познато кога новата колекција костими за капење ќе биде во продажба.
Таа моментално ужива во Италија со пријателите, ќерката Сторми и синот Еир, кој го има со нејзиниот поранешен партнер Тревис Скот. Не е познато дали е присутно нејзиното сегашно момче Тимоти Шаламет.
Кајли неодамна присуствуваше на свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција со нејзината мајка Крис Џенер, сестрата Кендал Џенер и полусестрите Ким и Клое Кардашијан.
Таа носеше светло син фустан и предизвика бројни реакции, со оглед на тоа што постои добро воспоставено правило дека свадбените гости не носат облека во бои слични на белата.