ФОТО | Лепа Брена ужива на Азурниот брег: Пејачката наздрави со шампањ од луксузното Монако

Фото: Инстаграм/Лепа Брена

Популарната регионална ѕвезда Лепа Брена по напорниот работен период одлучи да ужива во убавините на Азурниот брег. Имено, таа престојува во Монте Карло, Монако, каде поседува луксузен апартман, а сончевите денови ги искористи за целосно опуштање.

Брена на својот инстаграм-профил сподели фотографија од погледот од луксузната дестинација. На фотографијата таа е на тераса од еден ресторан покрај брегот на Монте Карло каде се почести со чаша шампањ.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Инаку, Лепа Брена заедно со нејзиниот сопруг Слободан Живојиновиќ поседува голем број имоти, од кои некои се стан во Монако и вила во Мајами.

Единаесет месеци однапред: Лепа Брена го распродаде третиот концерт во Загреб, најави и четврти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот