
ФОТО+ВИДЕО | Куќата од милион долари на Брена и Боба во Мајами на удар на страшниот ураган Милтон!
Лепа Брена и Боба Живојиновиќ во 2010 година купиле еднокатна куќа во државата Флорида, во Мајами, веднаш на брегот на морето, каде што редовно престојувале секогаш кога престојувале во Америка.
Препорачано
Страшниот ураган Милтон ја погоди Флорида, каде на удар се голем број населби и куќи, меѓу кои и вилата на музичката ѕвезда Лепа Брена вредна речиси еден милион.
Лепа Брена и Боба Живојиновиќ со години имаат куќа во Мајами, во која често престојуваат и уживаат со семејството.
Станува збор за куќа која е изградена во 1950 година, во типичен американски стил. Има двор со базен кој е многу помал од оној што семејството Живојиновиќ го имаат во својата вила на Бежанијска коса во Белград.

На една официјална веб-страница за недвижности пишува дека оваа вила е продадена во јули 2010 година за 950.525 долари, односно 806.706 евра.
На истата веб-страница пишува дека куќата е со површина од 222,96 метри квадратни и дека има две бањи.

Инаку, Брена и Боба, освен недвижност во Мајами и Белград, наводно имаат стан и во Монте Карло.
За потсетување, повеќе од 2 милиони домови и претпријатија сега се без струја низ Флорида, а цели населби се во мрак.
Предупредувањата кои се издадени, а кои се однесуваат на големите поплави, за некои места важат дури 10:30 часот наутро, односно според наше време до 16:30 часот во случајот со Орландо. Исто така, многу места низ Флорида се изложени на ризик од поплави.
Единаесет месеци однапред: Лепа Брена го распродаде третиот концерт во Загреб, најави и четврти