Profimedia
профимедиа

(ФОТО) Крунисана на 26 години: Веридбата со принцот Филип ја чувала во тајност

Британската кралица Елизабета Втора почина на 8 септември на 96-годишна возраст во својата летна резиденција во Балморал. Нејзиното Величество беше најдолговечниот британски монарх – на тронот беше цели 70 години. Покрај тоа што беше кралица на Обединетото Кралство, таа беше и монарх на 16 земји од Комонвелтот и исто така врховен поглавар на англиската црква.

Родена е како трета во низата за наследство на тронот. Нејзиниот харизматичен чичко, Едвард Осми, обожаван од народот во Британија, станува крал по смртта на неговиот татко, но се откажал од престолот поради љубовта кон Американката Волис Симпсон.

Фото: Profimedia

Бидејќи нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести и мајка ѝ на Елизабета немале други деца освен Елизабета и нејзината помала сестра Маргарет, позицијата на британскиот монарх ѝ била загарантирана.

Фото: Profimedia

Елизабета уште од мала беше една од омилените личности во Британија. Од милост дома ја викале Лилибет, а и неа и сестра ѝ ги огледувала гувернантата, која подоцна открила дека Елизабета била посебно дете, уредно, педантно и со големо чувство за одговорност.

Фото: Profimedia

Крунисувањето на 26-годишната Елизабета важи за едно од најпопуларните кралски случувања во 20-от век, а нејзиното качување на престолот донело нова енергија во банкротираната и воено исцрпена Британија.

За популарноста говори и фактот дека повеќе од 100 милиони луѓе го слушале преносот на радио, а 27 милиони го следеле на телевизија, односно каналот „Би-Би-Си“.

Фото: Profimedia

Бракот со Филип

Елизабета за првпат го запознала Филип во далечната 1934 година: осумгодишната Елизабета присуствувала на венчавката на братучедот на Филип, каде и го запознала принцот Филип кој бил пет години постар од неа. После пет години, непосредно пред Втората светска војна, Елизабета повторно го сретнала осумнаесетгодишниот Филип и веднаш се заљубила во него.

Фото: Profimedia

Елизабета тогаш имала само тринаесет години, но не можела да престане да мисли на него. За време на Втората светска војна, Филип служел како офицер во Кралската морнарица, а парот во тој момент уште повеќе се вљубил и меѓусебно си разменувале писма.

Во 1946 година Филип се вратил од фронтот и ја запросил Елизабета, која била многу среќна и се согласила на венчавка. Меѓутоа, парот морал да ја чува веридбата во тајност до роденденот на Елизабета. Тие официјално ја објавиле веридбата на 9 јули 1947 година, а се венчале на 20 ноември истата година.

Фото: Profimedia

За да се ожени со Елизабета, Филип морал многу да жртвува. Прво се откажал од своите титули. Потоа се откажал и од своето германско потекло и станал британски државјанин. На ниту еден член од неговото семејство, вклучувајќи ги и неговите три сестри, не им било дозволено да присуствуваат на свадбата. Утрото пред свадбата Филип одлучил да престане со пушење, затоа што знаел дека Елизабета ја презира таа навика.

Фото: Profimedia

Дека нејзиниот сопруг беше нејзина најголема поддршка, во една прилика изјавила и самата кралица за време на својот говор на денот на „златната свадба“ во 1977 година: „Тој е некој кој не прифаќа лесно комплименти. Едноставно, тој беше и остана моја сила сите овие години.”

Имале заеднички интереси

Тие сакале исти работи: диви животни, излети, возење автомобили, јавање коњи. Времето го поминувале уживајќи заедно се до смртта на принцот Филип.

Фото: Profimedia

Познато е дека принцот Филип на својата сопруга ѝ дал необичен прекар – „кобасица“. Поточно кралицата нема природно насмеано лице и на забавите често изгледала мрачно. За време на еден од формалните приеми во Сиднеј, Филип ѝ шепнал на својата сопруга „Не гледај така тажно наоколу, кобасице“. Се разбира, ова ја насмеало кралицата.

Во Англија, високата класа отсекогаш имала одвоени спални соби, а не е исклучок ни кралицата. Во 1949 година двојката се преселила во куќа во близина на палатата, и таму секој од нив имал своја посебна спална соба.

„Не сакате да се мачите со рчење или некој да ви го земе ќебето. А сепак, ако се чувствувате пријатно, делете ја својата соба. Убаво е кога сте во можност да бирате“, објаснила во една прилика Леди Памела Хикс, роднина на принцот Филип.

Без оглед колку време поминувале одделени еден од друг, кралицата и принцот Филип никогаш не престанале да комуницираат. На пример, откако избувна Втората светска војна, принцот Филип служел во британската кралска морнарица и често си пишувале писма.

Фото: Profimedia

Како што рекол принцот за време на здравицата по повод прославата за 50-годишнината од бракот:

„Главната лекција што ја научивме е дека толеранцијата е една од важните состојки на секој среќен брак. Тоа можеби не е така важно кога работите се добри, но апсолутно е од витална важност кога ќе се појават тешкотии“.

Меѓу своите лични работи, кралицата дефинитивно го фаворизира својот брош, кој ѝ го подарил нејзиниот сопруг во 1966 година. Многу често го носи, дури и за време на првата божиќна порака на телевизија. Со тоа, кралицата Елизабета тивко му оддава чест на својот сопруг, принцот Филип.

Кралицата уште во далечната 1972 година рекла:

„Ако ме прашаат што мислам за семејниот живот по 25 години брак, можам да одговорам со еднаква едноставност и убедување, јас сум за тоа“.

Фото: Profimedia

 

Животот на кралицата Елизабета Втора: Како синооката Лилибет стана најмоќниот британски монарх?

На кралицата Елизабета Втора само еден човек смеел да ѝ се обрати по име

Двојничката на кралицата Елизабета по 34 години реши да се пензионира

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот