Фото: EPA-EFE/JAVIER LIZON

ФОТО | Кралицата Летиција има 52 години и никогаш не изгледала поубаво: „Периконе“ е тајната за нејзиниот младешки изглед

Кралицата Летиција од Шпанија (52) е позната како дама со софистициран моден стил, што и да облече убаво и стои, па затоа многумина со право ја нарекуваат најубавата кралица.

Каде и да се појави, без разлика дали тоа е официјален настан или прошетка со ќерките, таа изгледа беспрекорно. За да остане во форма, редовно вежба, но има и посебен режим на исхрана поради кој изгледа млада и без естетски корекции.

Кралицата сериозно ја сфаќа својата улога и работата. Со оглед на тоа дека често е во јавност, таа се грижи за својот имиџ.

„Таа е исклучително витка, има одличен стил, кој одлично се вклопува со нејзината темна коса“, изјави тренерот Сајмон Томас.

Тој верува дека шпанската кралица изгледа одлично откако ја следи 28-дневната антиинфламаторна диета на доктор Периконе, која е многу популарна меѓу познатите личности. Тоа е начин на исхрана кој ви помага да останете здрави, го подобрува менталниот фокус и не се базира само на губење на тежина.

Фокусот е ставен на здравата исхрана, што значи исфрлање од менито леб, тестенини, житарки, ориз, компири, грицки, овошни сокови и газирани пијалаци. Диетата Периконе бара редовно консумирање на два вида храна: свежа риба и зеленчук богат со железо, што помага да се одржи младешкиот изглед што е можно подолго.

Покрај рибата, се консумираат и белки од јајца, зелен зеленчук, јаткасти плодови, грав, млеко и млечни производи, агруми, маслинки, домати, јаболка, нектарини и праски, дињи, киви … Поради високата содржина на влакна, антиоксиданти и есенцијални масни киселини, се препорачуваат и кромид и лук, леќа, јачмен, лути пиперки, зрнести пиперки, праз и јогурт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот