
ФОТО | Кој сѐ беше на роденденот на Леонардо Дикаприо? Од Џиџи Хадид ни трага ни глас
Познати актери, музичари и спортисти дојдоа да го прослават 48-от роденден на холивудскиот актер Леонардо Дикаприо, а актерот се потруди забавата да биде што е можно поприватна.
Препорачано
Леонардо Дикаприо во петокот го прослави својот 48-ми роденден во друштво на многу холивудски фаци на голема забава во замок во Беверли Хилс, Калифорнија.
Роденденската прослава на актерот не ја пропуштија неговите родители Џорџ Дикаприо и Ирмелин Инденбиркен и голем број ѕвезди од светот на филмот, музиката и спортот. На забавата пристигна легендарниот фронтмен на „Ролинг стоунс“, Мик Џегер, кого фотографите го „уловиле“ додека седел на задното седиште во автомобилот.

Актерот Бредли Купер на прославата пристигна со актерката Кејт Хадсон, а познатиот кошаркар Леброн Џејмс се појави со сопругата Савана, како и со спортскиот агент Рич Пол, партнерот на пејачката Адел.

Долгогодишниот пријател на Дикаприо, Тоби Мегваер, се дружел со мистериозната убавица, а на забавата била и неговата поранешна сопруга Џенифер Мајер со која се уште е близок. Меѓу гостите беа актерите Џејми Фокс, Рами Малек и неговата девојка Луси Бојнтон, Ребел Вилсон со свршеницата Рамона Агрума, богатата наследничка Ники Хилтон, актерот Весли Снајпс и многу други.

Забавата била многу приватна и наводно Дикаприо ги замолил гостите на влезот да ги остават своите мобилни телефони во безбедносни ќеси за да го ограничи фотографирањето.

„Тоа беше одлична забава со музика, пијалаци и сервирана храна. Се чинеше дека сите добро се забавуваа“, изјавил извор за магазинот „Пипл“.

Манекенката Џиџи Хадид, која во последните месеци беше поврзувана со Дикаприо, не беше видена на забавата, но неименуван извор неодамна раскажа како парот продолжил да ужива во меѓусебното друштво.

ФОТО | Камила Мороне „уловена“ на плажа: Девојката на Дикаприо е природна убавица
ФОТО | Каде има чад, таму има и оган: Први фотографии од новиот пар Дикаприо и Џиџи
ФОТО | Камила Мороне „уловена“ на плажа: Девојката на Дикаприо е природна убавица