
ФОТО | Ќерката на Брус Вилис сподели срцепарателна фотографија: Актерот во сѐ потешка здравствена состојба
Познатиот холивудски актер Брус Вилис долго време се бори со деменција. Неговото семејство често зборува за здравствената состојба на актерот и го споделува нивното искуство на социјалните мрежи.
Препорачано
Скаут Вилис (32) на својот инстаграм-профил се присети на некои моменти од минатата година и сподели неколку фотографии со своите следбеници.
Омилена фотографија на многумина е онаа со нејзиниот татко, познатиот актер Брус Вилис. Во низата фотографии што ги објави Скаут, има и такви на кои таа ужива во друштво на пријателите, на забавите, но на неколку фотографии е со нејзиниот татко Брус и мајката Деми Мур.

На срцепарателната фотографија, нејзиниот татко Брус лежи без кошула, а Скаут се потпира на неговите гради и гледа во него со нежна насмевка. Актерот ја држи нејзината глава со двете раце, а неговите голи гради откриваат некои од тетоважите, како што се имињата на неговите ќерки Мејбел (11) и Евелин (9), кои ги има со сопругата Ема Хеминг Вилис.
Таа често поминува време со Брус и со голема радост ги споделува моментите со него на социјалните мрежи.
Да потсетиме, на актерот во 2022 година во март му беше дијагностицирана афазија, говорно нарушување. Во февруари минатата година му беше дијагностицирана и фронтотемпорална деменција.