ФОТО | Кејт Винслет ја освои првата награда БАФТА: „Да можев да ја пресечам, половина од неа би ѝ дала на ќерка ми“

Фото: JW/ Avalon/ Profimedia

Наградите на БАФТА (Британската академија за филмски и телевизиски уметности), синоќа беа доделени на гала церемонија во „Ројал Фестивал Хол“во Лондон. Еден од најнезаборавните моменти беше прогласувањето на Кејт Винслет за лауреат на оваа престижна награда, за најдобра актерка, пренесува „Телеграф“.

Фото: JW / Avalon / Profimedia

Винслет беше наградена за нејзината улога во ТВ филмот „I Am Ruth“, дел од трилогијата прикажана на „Канал 4“, за односот на мајката и ќерката наспроти опасностите од социјалните медиуми.

Фото: Doug Peters / PA Images / Profimedia

Имено, Винслет глуми со нејзината вистинска ќерка Миа Триплтон, која ја придружуваше на церемонијата, и ѝ се обрати за време на нејзиниот говор за прифаќање на наградата.

„Кога би можела да ја исечам, едната половина би ѝ ја дала на ќерка ми. Успеавме заедно, малечка.“, рекла Винслет за време на емотивното обраќање.

Таа ги пофали актерските способности на нејзината ќерка и објасни дека во филмот „I Am Ruth“ се обработува темата за опасните последици од прекумерната употреба на социјалните медиуми и штетните содржини кои треба да се забранат.

Фото: JW / Avalon / Profimedia

„Филмот е за родители и деца, за семејства кои чувствуваат дека станале заложници на опасностите од онлајн светот, за родители кои сакаат да комуницираат со своите тинејџери, но повеќе не можат, и за млади луѓе кои станале зависни од социјалните медиуми и нивните темни страни“, додадала актерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот