Фото: Здружение ЛИНА

ФОТО | Кавадарчанец среде бел ден со пушка застрелал куче

Од здружението „ЛИНА – СПАСИ Живот, добиј ЖИВОТ, помогни на животните“ соопштија дека во Кавадарци, среде бел ден, во приватен двор со пушка било пукано во кучето Ноди, кое се здобило со прострелна рана.

Оттаму неофицијално велат дека осомничениот веднаш бил пријавен, полицијата му ја одзела пушката и го привела во полициска станица.

Повреденото животно добило ветеринарна помош во Кавадарци, а потоа било пренесено во Битола, каде на рентген со што се покажало дека куршумот е длабоко навлезен во внатрешноста на телото, и по насока на ветеринарите можно е да се изврши операција. било прегледно а потоа ќе биде префрлено во Скопје за понатамошен третман, велат од ЛУНА.

Од здружението упатија апел до Јавното обвинителство да се обелодени случајот и побараа највисока санкција за сторителот на ова кривично дело и најавија дека очекуваат целосен извештај од МВР, по што јавно ќе го обелоденат идентитетот на човекот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот