Фото: ЕПА/Инстаграм

ФОТО | Како славниот актер од 180 кг изгуби 90? Клучот е во овој вид на исхрана!

Холивудскиот актер Џон Гудман (69), ѕвезда на серијата „Розен“, речиси цел живот се бореше со килограмите. 

Фото: Профимедиа

Во текот на неговата актерска кариера, шегите за неговата тежина станаа дел од неговата комедија, што дополнително го комплицираше неговиот однос со слабеењето. Гудман помина многу години обидувајќи се да ослаби, но безуспешно.

Како што наведува „Дејли мејл“, актерот изгубил повеќе од 90 килограми, а својата трансформација ја започнал во 2017 година, кога одлучил да се посвети на здравиот начин на исхрана па се откажал од алкохолот.

Во едно интервју со Дејвид Летерман, тој ги опишал своите обесхрабрувачки искуства кога ослабел за набрзо потоа да ја врати тежината. Гудман се приближил до бројката од 180 килограми и решил дека мора да најде одржлива исхрана која ќе го доведе до здрава тежина еднаш засекогаш.

Џон Гудман во последно време е во центарот на вниманието, бидејќи драстично се променил. Имено, 69-годишниот актер одамна немавме можност да го видиме во јавност, а тој неодамна се појави на промоцијата на серијата „The Freak Brothers“ во Лос Анџелес, па ги изненади сите со својата изглед.

Фото: Профимедиа

И конечно ја нашол. Клучот е во медитеранската исхрана и благодарение на неа актерот изгубил повеќе од 90 килограми, пишува mediterraneanliving.com.

Гудман почнал да се придржува до медитеранската исхрана и престанал да пие алкохол.

– Претходно само ставав во уста се што ќе ми паднеше при рака – рекол актерот во една прилика. Денес, како што вели, ги контролира порциите и многу повеќе пешачи, па дури и вежба со личен тренер.

Кога станува збор за слабеењето, еве четири причини зошто медитеранската диета функционира:

– Тоа е исхрана со висок удел на здрави масти
– Го подобрува микробиомот на цревата
– Има антивоспалителни ефекти
– Тоа не е структурирана диета, туку модел на исхрана

Лесна за одржување, станува стил на животот

Медитеранската исхрана постојано е рангирана на самиот врв на најдобри опции за исхрана, уште од првата голема студија во средината на минатиот век за ризикот од срцеви заболувања, а нејзината голема предност е тоа што е лесна за спроведување.

Не брои калории и се слабее лесно и трајно, изборот на намирници е широк, а маслиновото масло е примарен извор на масти. Медитеранската диета на долг рок е еден од најдобрите модели за слабеење што се одвива токму онака како што препорачуваат експертите – полека и безбедно – и ќе уживате во изобилство на одлични вкусови. А Гудман тоа го докажа и се држи до оваа диета од 2017 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот