Искршен штаб на СДСМ во Градско / Фото: СДСМ

ФОТО | Искршен штаб на СДСМ во Градско

Синоќа се искршени стаклата на изборниот штаб на СДСМ во Градско. Овој насилнички и вандалски чин го покажува стравот на власта од изборен пораз во Градско, реагираат од политичката партија СДСМ.

СДСМ порачува дека какви било обиди за заплашување на граѓаните или членовите се јалови и неуспешни.

-Му порачуваме на ДПМНЕ дека никој не им се плаши. Ги повикуваме јавно, барем еднаш, истрчајте чиста изборна трка, без подметнувања, без инциденти. Бараме МВР и Панче Тошковски да не ги штитат насилниците, туку веднаш да постапат, без партиски директиви, МВР да го расчисти случајот до крај и сторителите да одговараат – се вели во соопштението.

Искршен штаб на СДСМ во Градско / Фото: СДСМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот