
ФОТО | Инфлуенсерката Кике Цветче позитивна на коронавирусот, испрати порака за свесност
Инфлуенсерката и јутјуберка Христина Цветкоска или како што повеќето ја знаат како Кике Цветче е една од ретките девојки што отворено зборува за своите секојдневни предизвици, поврзани со телесната тежина, но и дава совети.
Препорачано
View this post on Instagram
Така и вчера на нејзиниот инстаграм-профил, таа спореди искрени „сториња“ во кои објасни што се случувало деновиве со нејзиното здравје, но и на нејзиниот партнер.
Имено, таа напиша во објавата дека случајно направила тест за проверка и дознала дека е позитивна на коронавирусот:
„Немам поим од каде се имам заразено. Бевме настинати минатата недела, прво Иван, па јас, но буквално имав симптоми на настинка. Ни на крај пат не мислев дека може да е корона, ни температура, ни губење мирис ни вкус, ништо“.
Потоа таа напиша дека било чиста среќа што самоиницијативно се тестирале, затоа што можеле да препишат дека се работи за обична настинка и да не се заштитат како што треба. Нејзиниот партнер, Иван е негативен, а таа објави дека од денес официјално не чувствува ни мирис ни вкус, и додаде:
„Периодов е полн настинки, но очигледно е дека никогаш не можеш да бидеш сигурен. Ако сте поднастинати, мој најдобронамерен совет е да се тестирате, само така ќе сте сигурни дали е корона или не, наместо да шетате насекаде мислејќи дека сте настинати“.

Таа уште сподели дека среќна околност е што периодов интензивно пиела чаеви, супи, цедени сокови, како и витамини кои тековно ги пие, уште пред да дознае дека е позитивна на коронавирусот.
