
ФОТО | Годините го стигнаа и него: Староста сѐ повеќе видлива кај еден од најголемите шармери на Холивуд
Славниот актер е фатен од папараците во спортско, опуштено издание, а изгледа дека во осмата деценија од животот, знаците на старост се повеќе од видливи…
Препорачано
Славниот американски актер Харисон Форд (78) бил сликан од папараците во Брентвуд во Калифорнија во опуштено, спортско издание, а телото на овој холивудски шармер изгледа го совладале годините.

Познатиот актер бил фотографиран додека одел по кафе со својот Тесла екетричен автомобил, а во таа прилика носел црни шорцеви, сива маичка и црна јакна, додека на нозете имал бели чорапи и патики. Славниот Форд носел и очила за вид, а папараците биле изненадени од наглото стареење на актерот.

Имено, Харисон целосно е сед, а неговата кожа на лицето, вратот и нозете изгледа значително поопуштено.

Познато е дека актерот често се занимава со разни спортови, а најчесто игра тенис, кој не го запостави ниту во време на пандемијата на коронавирусот. Во една прилика тој изјави дека не се плаши од смртта, а беше и многу тажен кога неодамна почина неговиот драг колега.

Да се потсетиме, Форд неодамна му одаде чест на починатиот колега Шон Конери, кој го нарече „драг пријател“ и додаде дека се надева дека „доколку Конери е во рајот, тој сигурно игра голф таму“.

„Ми беше татко, не во реалниот живот, туку во третиот дел од филмот за Индијана Џонс. Господе, колку ни беше забавно. Доколку Шон сега е во рајот, се надевам дека таму имаат голф терени. Почивај во мир драг пријателе“, изјави тогаш Форд.
