
ФОТО: Фудбалскиот свет на нозе, Ибрахимовиќ најави сензационално враќање!?
Златан Ибрахимовиќ има 39 години, но по неговите игри на теренот, тоа воопшто не се забележува.
Препорачано
Во последните неколку дена, Ибрахимовиќ е исклучително активен на социјалните мрежи и денешната најнова објава од неколку зборови, успеа да ја крене на нозе цела Шведска и пошироко.
Искусниот напаѓач, кој постигна седум погодоци во Серија А до сега оваа сезона, најави можно враќање во репрезентацијата на Шведска. Се шпекулира дека можно е сепак својата репрезентативна кариера да ја заврши на наредното Европско првенство.
– Одамна не сме се виделе“, напиша Ибрахимовиќ во описот на својата фотографија во дресот на репрезентацијата на Шведска.
Long time no see pic.twitter.com/1VQR3PMh4s
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) November 2, 2020
Веднаш следеше и реакција од селекторот на скандинавската селекција, Јане Андерсон, кој истакна дека не знае зошто Златан ја објавил фотографијата.
– Не знам зошто го направи тоа, можете да разговарате со него. Немам поим. Сè уште не сме се слушнале – вели Андерсон.
Ибрахимовиќ се прости од националниот шведски дрес на Европското првенство во 2016 година, после 116 одиграни натпревари и 62 постигнати голови.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
10час
-
11час
-
11час
-
12час
-
12час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5