Фото: EPA-EFE/Ronald Wittek

ФОТО: ФИФА го претстави логото за Мундијалот во 2026 и ги разочара навивачите

ФИФА го претстави логото кое ќе го користи за следното Светскот првенство.

Следното Светско првенство во 2026 година ќе биде првото што ќе се организира во три земји, домаќини ќе бидат САД, Канада и Мексико.

Ова ќе биде 26-то Светско првенство, а токму и таква симболика ќе носи логото.

„Сега е моментот кога трите земји и целиот континент ќе можат колективно да кажат: Ние сме обединети и заедно сакаме да му посакаме добредојде на целиот свет. Турнирот ќе биде можност за секоја од земјите самостојно да испише историја на Светското рпвенство“, изјави првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.

Првите коментари на навивачите се разочарувачки и голем дел од фановите тврдат дека ова е најлошто лого на еден Мундијал досега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот