
ФОТО | Фарел, Џон Леџенд, Аријана Гранде: Многу познати личности дојдоа на отворањето на Олимписките игри
Пред свеченото отворање на Олимписките игри во Париз бројни познати личности беа фотографирани пред Ајфеловата кула, меѓу кои и светски познати актери и музичари.
Препорачано
Меѓу нив беа Синтија Ериво и Аријана Гранде, кои дојдоа облечени во боите на костимите на нивните ликови во филмот „Wicked“. Фатени за раце Гранде и Ериво позираа пред познатата кула, а дождот не им пречеше. Гранде за оваа пригода избра нежно розов фустан, ја врза долгата коса во пунџа, а како украс употреби розова лента. Како модни додатоци носеше елегантни ракавици и сè комплетираше со чевли на високи потпетици.

И, Ериво го долови својот лик од филмот и избра зелен фустан и капа. Покрај него, таа носеше и впечатливи обетки, златни алки и прстени.

Музичарот Џон Леџенд, неговата сопруга Криси Тајген со нивните деца не пропуштија да позираат пред Ајфеловата кула. Џон за оваа пригода избра бела кошула и црно сако со златни копчиња. Криси исто така избра комбинација со слични копчиња, но имаше малку полежерно издание. Под зелениот џемпер таа не носеше ништо освен кратки шорцеви со ист дизајн.

На отворањето пристигна и главната уредничка на „Вог“, Ана Винтур. Таа позираше со режисерот Баз Лурман пред Ајфеловата кула. На отворањето фотографите го „уловија“ популарниот француски актер Венсан Касел (57), кој привлече големо внимание бидејќи се појави во придружба на неговата 30 години помлада девојка Нара Баптиста.

Пред фотографите позираше и Фарел Вилијамс кој дојде во спортско издание. Носеше маица „Луј Витон“ со долги ракави, шорцеви и патики.

Свеченото отворање на Олимписките игри во Париз се одржува со спектакуларно дефиле на спортските делегации на реката Сена. Како домаќини, францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга, првата дама Брижит, присуствуваа на церемонијата.

Меѓу останатите, фотографирана беше и Серена Вилијамс во тесен црвен фустан до колено кој одлично ја истакнуваше нејзината фигура, а својот стајлинг го комплетираше со чанта во иста боја и кафени високи потпетици.

Сите очи беа вперени во Брижит, која уште еднаш покажа фантастично чувство за мода. Таа се одлучи за елегантен беж капут. Едноставно закопчување ја нагласи нејзината половина. Брижит за оваа прилика дискретно ја собра косата во пунџа, а целиот фокус беше на капутот и нејзините очи.

Макрон го навести настапот на Селин Дион на отворањето на Олимпијадата