ФОТО: Еурофарм Пелистер ги стартуваше подготовките, промовирани новите засилувања

фото: РК Еурофарм Пелистер

Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер со денешниот работен состанок и прв тренинг означи почеток на сезоната 2023/24. Тренерот Александар Јовиќ, стручниот тим менаџер Звонко Шундовски и стручниот штаб ја одработија првата тренинг сесија во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

В четврток во 08.30 часот изутрина експедицијата на Еурофарм Пелистер заминува на базични подготовки во Маврово, каде ќе работи на 20 тренинг сесии до први август, кога е предвидено враќање во Битола.

Дојдоа:
Урош Борзаш (Елверум), Нејц Цехте (ГОГ Гудме), Андреас Јохан Нилсен (Морс), Павле Петровиќ, Емилијан Ѓорговски (Еурофарм Пелистер 2).

Заминаа:
Себастијан Хенеберг (Фредериција), Мохамед Суси (Ал Салмија), Усама Хосни (Ал Араби), Гоце Ојлески, Милорад Кукоски (Охрид), Мартин Велковски (Алкалоид), Мирко Радовиќ (Ловќен).

Повикани ракометари за подготовките во Маврово: Урбан Лесјак, Марко Кизиќ, Петар Атанасијевиќ, Цветан Кузманоски, Руди Сери, Урош Борзаш, Дарко Стевановиќ, Емилијан Ѓорговски, Марио Танкоски, Каспер Кисум, Вилсон Дејвис, Павле Атанасијевиќ, Најц Цехте, Павле Петровиќ, Ненад Костески, Жарко Пешевски, Андреас Јохан Нилсен, Денис Васиљев.

Стручен штаб:
Тренер: Александар Јовиќ
Тим-менаџер: Звонко Шундовски
Тренер на голмани: Ице Соколески
Кондиционен тренер: Александар Марковски
Физиотерапевти: Филип Милевски и Христијан Стојановски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот