Фото: Инстаграм/ emrata

ФОТО | Емили Ратајковски го поддржа фудбалскиот клуб Наполи: Го облече нивниот дрес во комбинација со гаќички

Манекенката Емили Ратајковски ги воодушеви своите следбеници со новите, предизвикувачки фотографии кои ги објави на Инстаграм. Многумина очекуваа дека манекенката деновиве ќе присуствува на модната недела во Милано, но изгледа дека сѐ уште не пристигнала.

Сепак, со нови фотографии таа му испрати поддршка на италијанскиот фудбалски клуб Наполи, но во нејзин препознатлив стил.

Дресот на клубот го спои со црни гаќички, а на некои фотографии го подигна дресот и ги покажа дефинираните стомачни мускули.

Фото: Инстаграм/ emrata

Илјадници и илјадници фанови ја коментираа нејзината витка линија, а многумина ѝ кажаа дека го носи дресот на нивниот омилен клуб. Коментарите беа исполнети со емотикони од срца, оган…

Инаку, неодамна се појавија гласини дека Емили е во врска со познатиот пејач Шабузи. Прво биле видени во ноќен клуб, каде се држеле за рака, а потоа Ратајковски била видена на неговиот концерт. Таму се обидела да се сокрие од погледите на публиката, облечена во црна модна комбинација, но многумина сепак ја препознале.

Фото: Инстаграм/ emrata
Фото: Инстаграм/ emrata
Фото: Инстаграм/ emrata

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот