Foto: USA TODAY Network / ddp USA / Profimedia / Patrick T. Fallon / AFP / Profimedia

ФОТО | Ема Стоун доживеа малер на Оскарите: Фустанот ми пукна додека Рајан Гослинг пееше…

На 96-тото доделување на Оскарите, Ема Стоун ја освои втората статуетка во кариерата, за главната женска улога во филмот „Кутри нешта“ (Poor Things). При примањето на наградата таа откри дека има проблем со фустанот.

Foto: USA TODAY Network / ddp USA / Profimedia

Ема Стоун (35) доби Оскар на 96-тото доделување на оваа престижна награда, за главна актерка во филмот „Кутри нешта“ (Poor Things). Ова е втор Оскар за Стоун, откако ја доби наградата за најдобра актерка во филмот „Ла Ла Ленд“ (La La Land) во 2017 година. При примањето на наградата, актерката откри дека имала проблеми со фустанот.

Foto: USA TODAY Network / ddp USA / Profimedia

– Ми се скина фустанот, мислам дека тоа се случи во текот на изведбата на „I’m Just Ken“. Не гледајте во задниот дел од мојот фустан – призна Ема на сцената со статуетка в рацете, покажувајќи кон задниот дел од нејзиниот фустан од модниот бренд „Луј Витон“.

Песната ја изведе нејзиниот колега од „Ла Ла Ленд“, Рајан Гослинг, кој го глумеше Кен во филмот „Барби“ (Barbie). Иако таа песна беше номинирана и за најдобра оригинална песна на Оскарите, таа награда ѝ припадна на Били Ајлиш за песната „What I Was Made For“ за истиот филм. Тоа беше и единствениот Оскар што го доби филмот „Барби“.

Foto: USA TODAY Network / ddp USA / Profimedia

Стоун на доделувањето на наградите се појави во фустан на „Луј Витон“ без прерамки, кој го спои со ѓердан од жолт дијамант од 30 карати.

ВИДЕО | Ал Пачино направи сцена на Оскарите: Го прекрши најважното правило, интернет се вжешти

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот