Искривени шини во Бања Лука ФОТО/ Принтскрин Радио Сараево

ФОТО: Екстремните горештини во БиХ ги „стопија“ железничките шини

Граѓаните на Бања Лука, како и на цела Босна и Херцеговина, деновиве се соочуваат со екстремно високи температури, поради што метеоролозите од Хидрометеоролошкиот институт на БиХ издадоа итно предупредување.

Според официјалните податоци, денес во 14 часот во Бања Лука се измерени дури 38 степени Целзиусови, а се очекува топлината да трае до крајот на денот.

Високите температури веќе оставија последици, па во населбата Пискавица во Бања Лука, железничката пруга се искривила од топлината, јавува Радио Сараево.

Медиумот објави фотографија од свитканите шини поради пеколното време.

Сепак, од надлежните служби одговориле дека и покрај деформацијата на железницата, засега нема проблеми со железничкиот сообраќај на овој дел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот