Џеси Џеј - Фото: Инстагарам/ jessiej

ФОТО | Џеси Џеј за нејзината борба со ракот на дојка: „Напади на паника, солзи, страв, гнев… Го имав најлошиот ден досега“

Џеси Џеј (37) минатата сабота откри дека го доживеала најлошиот ден откако се соочила со дијагнозата рак на дојка. Во емотивни објави на социјалните мрежи, таа опиша напади на паника, солзи и чувство на целосно преплавеност од негативни емоции.

Пејачката јавно ја сподели својата дијагноза минатата недела во трогателно видео на Инстаграм, а сега направи нова објава во која искрено призна колку ѝ е тешко.

Џеси Џеј – Фото: Инстагарам/ jessiej
Џеси Џеј – Фото: Инстагарам/ jessiej

„Искрено, вчера беше најлошиот ден откако дознав за мојата дијагноза. Исто така, најинтензивните три месеци – работа, бебе, рак, живот… Сè ме исцрпи“, напиша таа во објавата.

Џеси Џеј, која има двегодишен син, Скај, со партнерот Ченан Колман, продолжи: „Напади на паника, солзи, големи стравови, гнев, преоптовареност… Беше лошо. И знаете што ми помогна? Изедов кочан од пченка. Се испостави дека е навистина тешко да се паничи или плаче додека го јадете. Го препорачувам. Расположението веднаш се менува.“

На крајот од објавата, таа додаде: „Утре е нов ден. Ова возење наречено рак е исцрпувачко. Нема да зборувам само за добрите времиња или да се шегувам цело време. Тоа не е вистински живот. Добра ноќ.“

Во понеделник, таа повторно им се обрати на своите следбеници: „Важно е да се признае стравот, лутината, тагата, паниката и преоптоварувањето. Чувањето во себе не помага. Во секоја животна криза, важно е да се испратат емоциите до израз.“

„Ќе плачам, ќе се исплашам, ќе паничам, ќе го почувствувам сето тоа – една минута или цел ден. А потоа ќе јадам пуканки, ќе слушам песна што ме крева, ќе се смеам со пријателка преку ФејсТајм (FaceTime). А потоа ќе бидам мајка, ќе одам на работа, ќе се појавам и ќе бидам тоа што сум 90 отсто од времето – силна, храбра, здрава. Но, нема да ги игнорирам тие 10 отсто тага и страв“, додаде таа.

Да потсетиме, британската пејачка минатата недела откри дека ѝ е дијагностициран рак на дојка во рана фаза.

Во емотивно видео, таа им се обрати на своите следбеници и истакна дека долго време размислувала да ја сподели веста со јавноста. „Сакам да го споделам ова со моите обожаватели и луѓето на кои им е грижа за мене. Отсекогаш сум била личност која споделува сè што ми се случува. Пред да излезе песната „No Secrets“, ми беше дијагностициран рак на дојка во рана фаза“, рече Џеси на Инстаграм.

ФОТО | Пејачката Џеси Џеј со емотивна објава: Го изгубив бебето, не можам да ги контролирам своите емоции

ВИДЕО | По спонтаниот абортус Џеси Џеј објави дека е повторно бремена

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот