Џенифер Лопез / Фото: EPA-EFE/ISAAC ESQUIVEL

ФОТО | Џеј Ло го прослави својот 55-ти роденден: Од Бен Афлек ни трага ни глас

Џенифер Лопез го прослави својот 55-ти роденден во Хемптонс, а нејзиниот сопруг Бен Афлек никаде го немаше. Роденденот на пејачката е во среда, но таа ја организираше забавата за викендот.

На нејзината прослава се собраа многумина, а судејќи по фотографиите, тоа беше тематска прослава во стилот на хит-серијата на Нетфликс, „Бриџертон“, пишува „Дејли мејл“.

Така, сè беше со кочии, цвеќиња, елегантни фустани, надуени ракави, дијадеми, високи ракавици. Меѓу гостите беа членовите на семејството на Џенифер, мајката Гвадалупе Родригез, како и Сара Џесика Паркер.

Фото: The Hollywood JR / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Бен и Џенифер не се видени заедно од 5 јуни, а Бен последен пат е виден во петокот во Калифорнија, каде што престојувал со своите деца. Но, извори за „Дејли мејл“ откриле дека Лопез се обидува да го спаси бракот и дека разделбата само дополнително ја зајакнала нивната љубов и решителност да не се откажуваат.

Фото: The Hollywood JR / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Во неделата таа ја продолжила прославата на својот 55-ти роденден во Хемптонс со семејството и пријателите на ручек во „Arthur & Sons“.

Извор за „Пејџ сикс“ (Page Six) изјави дека таа била емотивна за време на ручекот, додека раскажувала приказни за своето минато. На Лопез ѝ се придружиле нејзиниот долгогодишен менаџер Бени Медина, нејзините деца Макс и Ема и сестрата Линда.

Фото: The Hollywood JR / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

„Таа нема да поминува време со неговите деца и да се однесува како мајка ако не се обидува да ги поправи работите со него или ако тие не се на вистинскиот пат“, рекол изворот, додавајќи дека децата на Афлек и Лопез прават сѐ за да им помогнат да го обноват својот брак.

Тие наводно сакале повторно да се соберат пред поп-ѕвездата да го прослави својот 55-ти роденден на 24 јули.

– Децата мислат дека Џенифер и Бен се навистина длабоко заљубени, како сродни души и не сакаат да се разведат. Сакаат да ги решат работите, во добро или во лошо, како што кажаа нивните завети, и навистина чувствуваат дека треба да продолжат со терапија и разговор, дури и ако тоа боли. Тие чувствуваат дека може да има повеќе мир ако ги направат и кажат вистинските работи – рекол изворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот