Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

ФОТО | Доли Партон ги откажа концертите во Лас Вегас поради здравствени проблеми: Бог сѐ уште не вели да се откажам

Американската кантри ѕвезда Доли Партон објави на Инстаграм во неделата дека ги откажува своите концерти во Лас Вегас закажани за следните две недели. Таа објави дека ги одложува своите концерти закажани за декември, откривајќи дека се справува со здравствени проблеми и дека нејзините лекари ѝ советувале дека ѝ се потребни „неколку процедури“, пишува „Варајати“.

Во објава споделена на социјалните мрежи, кантри иконата сподели дека нема да може правилно да вежба и да се подготви за своите концерти во Лас Вегас поради нејзиното здравје и дека сака да биде во најдобра форма кога ќе биде подготвена да се врати на сцената. Таа ги откри и новите датуми, кои се закажани за септември 2026 година.

Доли Партон – Фото: Принтскрин/ Инстаграм

„Сакам фановите и јавноста директно од мене да слушнат дека, за жал, ќе треба да ги одложам моите претстојни концерти во Лас Вегас“, напиша таа. „Како што многумина од вас знаат, се справував со некои здравствени проблеми, а моите лекари ми велат дека морам да направам неколку процедури“.

Таа додаде дека обожавателите не треба да се плашат дека ќе се пензионира, туку дека само ѝ треба малку време да се опорави и да се подготви да им го даде настапот што го заслужуваат и што го очекуваат: „Бог сѐ уште не вели да се откажам. Но, верувам дека ми кажува дека сега треба малку да забавам за да се подготвам за нови големи авантури со сите вас.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот