
ФОТО | Деценија кралска љубов: Принцот Вилијам и војвотката Кејт се пар омилен во јавноста
Вилијам и Кејт Мидлтон минатата година прославија 10 години брак. Свадбата, која се одржа во Вестминстерскиот дворец беше настан на годината кој беше следен од камери ширум светот. И така остана до денес. Секој чекор на кралската двојка и нивните деца е внимателно следен.
Препорачано

По повод Денот на вљубените, нивните нежности беа разменети на официјалниот инстаграм- профил на кралската куќа, кои ги разменија за време на свадбата и деновиве.
View this post on Instagram
Вилијам и Кејт се запознале во 2001 година додека студирале на Универзитетот Сент Ендрјус. Тие се верија девет години подоцна, а се венчаа на 29 април 2011 година. Додека беа во врска, Кејт беше далеку од центарот на вниманието, но откако влегоа во брак, таа е верна придружба на сите настани и е војвотка во вистинска смисла на зборот.
View this post on Instagram
Нивната љубов никогаш не беше повод за озборувања, а и обајцата имаат многу смирен карактер, како што милува британската јавност да каже – дека „парот е секогаш на висина на задачата“.

Принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ имаат три деца, Џорџ, Шарлот и Луиз. Со нив се речиси на сите официјални настапи и секогаш се опуштени во позирањето.
View this post on Instagram