Фото: Инстаграм

ФОТО | Дали би платиле 1800 долари за „ќесе чипс“? Погледнете го новиот моден хит на „Баленсијага“

Модниот бренд „Баленсијага“ ја претстави чантата чиј изглед е инспириран од ќесе со чипс на „Lay’s“.

Чантата беше претставена неодамна на Модната недела во Париз и чини 1800 долари. Во продажба ќе биде пуштена следното лето. Крајно необичната чанта е достапна во три бои: жолта, црвена и зелена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lay’s (@lays)


Дизајнерот на „Баленсијага“ Демна Гвасалија ја опиша чантата како „апсолутен моден хит“.

Секако, на социјалните мрежи следеше лавина од коментари.

„Сигурна сум дека ‘Баленсијага’ се шегува со нас“, напиша една корисничка на Инстаграм.

„’Баленсијага’ е социјален експеримент“, додала друга.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Balenciaga by Demna (@demnagram)


Потсетуваме, „Баленсијага“ претходно претстави обетки направени од врвки, лимитирана колекција составена од речиси целосно уништени патики и чанти кои всушност се копија на дизајнот на ќесите на британскиот синџир супермаркети „Tesco“.

ФОТО + ВИДЕО | Новиот моден подвиг на Ким Кардашијан

ФОТО + ВИДЕО | Новиот моден подвиг на Ким Кардашијан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот