Фото: Cobra Team / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

ФОТО | Црна долна облека и бела бунда: Рита Ора пристигна полугола на Филмскиот фестивал во Венеција

Престижниот Филмски фестивал во Венеција започна вчера и ќе трае до 9 септември. На отворањето пристигнаа многу познати дами, секоја во свое модно издание. Меѓу нив се појави и британската пејачка со албанско потекло Рита Ора (32), како една од гостинките.

Бурата околу познатата Рита не стивнува откако таа се завитка во српско знаме и го вееше на концерт во Унгарија.

Фото: Cobra Team / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Нејзиното доаѓање во романтичната Венеција не остана незабележан. Пејачката дошла на главниот плоштад, поточно на копното, во елегантен дрвен чамец. Додека, пак, во нејзиното модно издание повторно преовладуваше екстраваганцијата и голотијата.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Таа прошета во проѕирен комбинезон со точки, под кој ѕиркаше црна долна облека со светки. Згора на сето тоа, во средината на август, Рита одлучила да се обвитка во бела бунда до подот. Целиот изглед го заокружила со огромни црни очила, а додека на нозете носела гломазни црни платформи со предимензионирана панделка околу глуждовите.

Веќе наредниот ден, Рита Ора покажа доза на елегантност и гламур каков што доликува на овој престижен филмски фестивал. Пејачката се појави во сребрена тоалета со светки.

Фото: Cobra Team / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Евровизиските обожаватели негодуваат за настапот на Рита Ора: Зарем не се сеќавате што рече?

Евровизиските обожаватели негодуваат за настапот на Рита Ора: Зарем не се сеќавате што рече?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!