Бела Хадид, Јасмина Голубовска, Фото_ Профимедиа, Твитер-принтскрин
Бела Хадид, Јасмина Голубовска, Фото_ Профимедиа, Твитер-принтскрин

ФОТО | Бела Хадид го честиташе 8-ми март со македонска фотографија

Вчера беше меѓународниот ден на жената и по тој повод,  моделот Бела Хадид објави серија од фотографии на нејзиниот инстаграм-профил. Низ интернет албумот, се најде и фотографија направена за време на Шарената револуција.

Бела Хадид, Фото Инстаграм, принтскрин

 

„Среќен меѓународен ден на жената. Ме лажат морници кога ќе помислам колку сме е*ани убави, повеќеслојни, силни, неверојатни и моќни“, напиша Хадид во објавата.

Станува збор за фотографија на која Јасмина Голубовска, притисната против полицајците наредени пред зградата на македонската влада, нанесува кармин, гледајќи директно во рефлектирачкиот пластичен штит пред неа. Додека полицајците се движеле напред, подоцнежни фотографии покажуваат, дека едниот штит имал ознака на темноцрвен бакнеж.

Фотографијата е направена од Огнен Теофиловски за „Reuters“. Таа стана толку популарна што македонската хероина на истата, даде интервју за „The Guardian“.

Фала за букетот, не мора: Револуцијата која го создаде 8-ми март

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот