
ФОТО | Ана Курникова фотографирана во инвалидска количка: Фановите загрижени, што се случува со сопругата на Енрике Иглесијас
Ана Курникова беше сон на секој маж, ангелско лице, згодно тело, долга руса коса, убиствен форхенд со голема банкарска сметка. Иако во нејзината кариера не постигна сѐ што сакаше и беше прекината кога за многумина допрва почнуваше, во приватниот живот сè помина без проблеми.
Препорачано
43-годишната Ана која во текот на тенисерската кариерата стигна до осмото место на ВТА ранг-листата, речиси две години не се појавува во јавноста. Меѓутоа, минатиот викенд предизвика бурни реакции кај своите обожаватели кога се појави во Мајами, во луксузниот трговски центар Бал Харбор.
Курникова беше видена во инвалидска количка и облечена во ортопедска чизми на стапалото – што укажува дека неодамна претрпела сериозна повреда.
Ана беше придружувана од нејзините ќерки, седумгодишната Луси и четиригодишната Мери, кои ги има со долгогодишниот партнер, шпанскиот пејач Енрике Иглесијас.
Update? | wife of @enriqueiglesias Anna Kournikova was seen on the streets of Miami with her two daughters, and with her friends. She enjoyed a day of shopping at the Pal Harbor Shopping Center last weekend!??
Anna suffers from an injury, the cause of which is unknown!❤️?? pic.twitter.com/5nwGK47WG2
— Enrique Iglesias Arab Fans Club (@ArabEiFans) January 28, 2025
Инаку, Курникова се повлече од професионалниот тенис во мај 2003 година, откако освои 16 титули во двојки. Во текот на нејзината кариера, таа стана светски број 1 во двојки, освојувајќи го Австралија опен во тандем со Мартина Хингис двапати. Сепак, таа немаше сличен успех во сингл кариерата, иако стигна до полуфиналето на Вимблдон во 1997 година, станувајќи само втората жена во опен ерата што стигнала толку далеку во своето деби на овој турнир.
Нејзината кариера ненадејно заврши на 21 година поради низа повреди, главно проблеми со грбот. И покрај тоа што се повлече од теренот, Ана остана во центарот на вниманието како модел, а во 2002 година беше прогласена за „најсекси жена на светот“, победувајќи убавици како Бритни Спирс и Џенифер Лопез. Исто така, во 2010 година беше прогласена за најсекси тенисерка на сите времиња.
View this post on Instagram
На емотивен план, може да се каже дека таа доби „џекпот“. Ана и Енрике се заедно повеќе од две децении, а нивната љубовна приказна започна во 2001 година, кога таа се појави во спотот за неговата песна „Escape“.
И покрај тоа што се повлечени од јавниот живот, тие живеат во Мајами со своите деца.
„Поминувам време дома со моите деца, уживам да ги носам на училиште и да ги гледам како растат. Децата растат толку брзо, што сакам да уживам во секој момент“, изјави познатата пејачка во едно интервју.