Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

ФОТО | Aктерката на мета на критики: „Мег Рајан е пример зошто не треба да допирате убаво лице кога ќе остарите“

Доделувањето на Оскарите е завршена приказна, но сепак, за одредени детали сè уште се зборува на социјалните мрежи. Па така и Мег Рајан дојде на ред.

Актерката се појави во улога на презентерка која ја додели статуетката за најдобар филм на церемонијата, поточно му го врачи Оскарот на Шон Бејкер за филмот „Анора“.

Честа да го води овој дел од програмата му припадна и на актерот Били Кристал, со кого Мег соработуваше во романтичната комедија „Кога Хари ја запозна Сали“ од 1989 година.

Покрај гардеробата, големо внимание на јавноста привлече и лицето на актерката за кое многумина тврдат дека е непрепознатливо.

„Били Кристал и … Мег Рајан? Не можам да ја препознаам“, „Ги гледам Мег Рајан и Били Кристал. Изгледа нормално за неговата возраст – одлично. Но, Мег изгледа како сите процедури на нејзиното лице да тргнале наопаку. Многу тажно“, „Мег Рајан е пример зошто не треба да допираш убаво лице кога ќе остариш природно“, беа само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Мег за оваа пригода носеше атрактивен бордо кадифен фустан, кој го искомбинирала со високи потпетици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот