
ФОТО | Ѝ го простија „скандалот“ на инаугурацијата на Доналд Трамп откако се појави во најубавиот златен фустан на балот
Лорен Санчез неодамна ги „разочара“ сите со своето појавување на инаугурацијата на Доналд Трамп, но подоцна успеа да се искупи и да го покаже својот најдобар моден изглед.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Свршеницата на милијардерот Џеф Безос, во фустан од бајките, успеа да ја „поправи“ грешката од модниот пропуст и на балот на Трам се појави во совршен златен фустан.
Лорен избра елегантен модел во златна нијанса. Иако и овој модел имаше шлиц на страна, сите се согласија дека таа е далеку поскромна отколку на самата инаугурација, кога под сакото ѝ ѕиркаше белиот градник од тантела.
View this post on Instagram
„Прекрасна си“, „Овој фустан е сè“, „Ти си златна девојка“, беа само дел од коментарите под објавата на убавата свршеница на Безос.
Инаку, долго време се шушкаше дека Лорен и Џеф ќе го кажат судбоносното „да“ на крајот на минатата година на раскошна церемонија, но набргу потоа се огласи и милијардерот. Тој веднаш ги демантираше сите гласини и им порача на луѓето да не веруваат во се што ќе прочитаат.