
Формула 1: Ферстапен од шестото место до 50 победа во кариерата
На трката за Големата награда на САД на патеката во Остин во Формула 1 шампионатот, возачот на „Ред Бул“, Макс Ферстапен ја постигна 15 победа сезонава и 50 во кариерата.
Препорачано
Трикратниот светски шампион стигна до победата и покрај тоа што трката ја започна од шестото место. Возачот на „Мерцедес“, Луис Хамилтон го освои второто место, додека Ландо Норис од „Мекларен“ беше трет.
Холанѓанецот Ферстапен на последните пет трки има шанса да постави рекорд по број на победи во една сезона.
RACE CLASSIFICATION (LAP 56/56)
Verstappen takes the chequered flag for the 15th time this season#F1 #USGP pic.twitter.com/qB6mlCmsz8
— Formula 1 (@F1) October 22, 2023
Max Verstappen, 50 Race Wins ?#F1 #USGP pic.twitter.com/iwZujQrrmb
— RBR Daily (@RBR_Daily) October 22, 2023
Ферстапен ги искористи проблемите кои Норис ги имаше со болидот. Британецот преку радио се пожали дека не може добро да го контролира својот болид, а Ферстапен за тоа време ја намалуваше разликата. Тој го престигна Норис во 28 круг и откако Леклер накратко водеше по пит-стопот на Ферстапен, Холанѓанецот се врати на првото место во 39 круг и рутински го задржа.
Хамилтон имаше одлична трка, а тој и Ферстапен завршија меѓу првите двајца по 35 пат во историјата, што е рекорд за секое ривалство во Формула 1. Леклер од Ферари кој стартуваше од пол-позицијата на крајот заврши шести.
На врвот Ферстапен има 441 бод, пред Серхио Перез (кој ја освои петтата позиција) со 228, а трет е Хамилтон со 201. Следната трка ќе се вози за седум дена за Големата наград на Мексико.