Фон дер Лајен вели дека глобалните турбуленции се „новото нормално“

Урсула фон дер Лајен/ Фото EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска предупреди дека глобалните нарушувања и нестабилноста, со повеќе геоекономски тензии на хоризонтот, се „новото нормално“.

– Оваа 2024 ќе биде одлучувачка година, со очекувани повеќе геоекономски тензии од Црвеното Море до Тајванскиот Теснец, што исто така значи почести прекини на синџирите на снабдување и поголема нестабилност на енергетските пазари. Меѓународната конкуренција станува се потешка. Тоа е новото нормално со кое треба да се справиме, посочи Лајен на прес-конференцијата за климата во Хамбург.

Таа истакна почестите екстремни временски прилики значат дека Европа треба да се здружи „како никогаш досега“ за да се соочи со предизвиците.

Според Лајен, ЕУ брзо реагираше за да ја ограничи својата зависност од рускиот гас по целосната инвазија на Русија врз Украина во февруари 2022 година.

Фон дер Лајен се заложи и за дополнително намалување на цените на енергијата, а за тоа да се случи, според неа, потребни се „вистински одлуки за инвестирање“, односно ЕУ да генерира повеќе енергија од ветер и сончева енергија отколку од гас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот