Фолксваген инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Архива на СП

Германската автомобилска групација Фолксваген најави дека ќе инвестира 2,5 милијарди евра во проширување на својот производствен и иновативен центар во кинескиот град Хефеи. Центарот Хефеи ќе и помогне на компанијата да донесе технологии на кинескиот пазар за 30 отсто побрзо и да произведува целосно електрични возила, рече членот на управниот одбор на Фолксваген Груп Кина, Ралф Брандштатер.

ФВ се подготвува да произведе два модела на брендот Фолксваген во Кина, кои ги развива во соработка со кинескиот партнер ХПЕНГ, објавија вчера, додавајќи дека производството треба да започне во 2026 година.

На крајот на 2022 година, Фолксваген ја загуби „титулата“ на најпродавана марка на автомобили во Кина, која беше узурпирана од домашниот производител на електрични возила БЈД. Германската компанија најави голем број нови модели во електрификацијата на своето кинеско портфолио за да го врати изгубениот удел на најголемиот светски автомобилски пазар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот