Фински сеизмолози откриле пет експлозии во руските води

Балтичко Море / фото: EPA-EFE / Johan Nilsson

Финските сеизмолози открија пет подводни експлозии во руските води во Балтичкото Море минатата недела, објави Сеизмолошкиот институт на Универзитетот во Хелсинки.

„Откривме пет експлозии, најголемата јачина од 1,8 степени (по Рихтеровата скала), а најмалата 1,3“, изјави директорот на институтот Тимо Тиира.

Четири експлозии беа пријавени во четвртокот и една во петокот во руските територијални води во Финскиот залив, рече тој, додавајќи дека е јасно дека станува збор за експлозии, а не за сеизмичка активност. Не е познато што ја предизвикало, но слични експлозии биле откриени за време на претходните поморски вежби и чистење на стари мини од морското дно, рече тој.

„И порано детектиравме експлозии во таа област, но не многу често, не секоја година“, рече тој. Руското Министерство за одбрана не одговори на барањето за коментар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот