Тања Царовска и Никола Стојковски

„ФИН Проект“ и Тања Царовска ќе го промовираат заедничкиот албум „Егрегор“

Концертна промоција на новиот албум „Егрегор“, создаден во соработка меѓу Никола Стојковски („ФИН Проект“) и Тања Царовска, ќе се одржи во рамките на фестивалот „Скопско лето“ на 3 јули, во 20 часот, на една од најинспиративните концертни локации во Македонија, во Куршумли ан (Стара чаршија) во Скопје.

Како гости на концертот ќе настапат Петар Христов (саксофон и кларинет) и Горан Трајкоски – Готра, на пијано ќе настапи Билјана Петровска, бас и контрабас ќе свири Андреа Мирческа, а ќе учествува и гудачки квартет во состав: Илија Јовчев (виолина), Ева Ристеска (виолина), Ангела Винтовска (виола) и Александар Ицковски (виолончело).

Претходни албуми на „ФИН Проект“ се „Битови и Орнаменти / Во Македонија“, „Едно е Сонцето“, „Ре:Визија“, „Време. Живот. Слобода“, на кои како соработници или гости на Никола Стојковски се појавија Калина Велковска, Александар Николовски, Горан Трајковски – Готра, Васко Атанасоски, Влатко Георгиев, Ненад Стефаноски, Зарина Првасевда и други.

Десетгодишнината на групата во 2023 година беше заокружена со албум за кој на музиката на „ФИН Проект“ оркестарски аранжмани подготвија Јован Јовановски, Сенад Усеин и Билјана Петровска, а автор и продуцент на сите албуми е Никола Стојковски.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 287, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 28-29.6.2025)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот