Филмска бркотница кај Ваксинце: полицајци и војници во потера по криумчар на мигранти

Фото: МИА

МВР информира дека вчера околу 13 часот, во кумановското село Ваксинце, полицајци од станицата за граничен надзор Сопот го уапсиле М.Б.(34) од Велес. Во неговото возило „Крајслер” со штипски регистарски таблички биле пронајдени 16 лица мигранти од Сирија, меѓу кои и три деца.

Претходно, на автопатот „Пријателство”, кај селото Костурник, тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и припадници на Армијата и продолжил кон Ваксинце, велат од полицијата.

„Во селото тој изгубил контрола и удрил во брег до патот, по што се дал во бегство, но набргу бил фатен и лишен од слобода. Притоа, при излетувањето на возилото од патот, четворица мигранти се здобиле со повреди и им била укажана лекарска помош во болницата во Куманово. Со повреда, исто така, се здобил и припадник на АРСМ при преземање мерки, по што и тој бил пренесен во болница“, пишува во полициското соопштение.

Мигрантите биле пренесени во Транзитниот центар во Табановце, а М.Б. бил приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот