Филипче: Треба да им се даваат точни податоци на лекарите

Пациентите треба да им даваат точни податоци на лекарите. На тие кои не кажуваат такви податоци здравствените работници им пристапуваат со внимание, сомневајќи се дека можеби ќе има случај на давање неточни податоци. Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата.

Ако се вратиме наназад од почеток на епидемијата, посочи министерот, огромен број луѓе кои ги дијагностициравме, вклучително и првиот случај беше заради несоработка и не давање точни податоци.

– Пациентката која влезе од Италија не спомна на граница дека е болна, па влезе директно во болница. Следните патници кои доаѓаа од Италија исто така. Сега се соочуваме со истиот проблем. Ние праќаме апели и разговараат здравствените работници интензивно, прават детални прегледи пред се во земањето податоци, обидувајќи да се заштитат себеси, а и институцијата. Ќе инсистирам ова да функционира, додаде Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот