Филипче: Пет лица позитивни на коронавирусот во Куманово, меѓу нив двајца доктори и една медицинска сестра (ВИДЕО)

ФОТО: МИА

Се чекаат резултати од 63 лица, како медицински персонал во болницата, така и членови на семејството, па ќе се прави план за работа во болницата- рече Филипче.

Вчера интензивно се работеше со локалните епидемиолози во Кумановската болница, се правеа интервјуа на сите лица кои биле во контакт со починатата пациентка, истакна на денешната прес-конференција, министерот за здравство Венко Филипче.

-Има дијагностицирани пет пациенти, од кои тројца се медицински лица, двајца доктори и една медицинска сестра. Детално е испитувано и семејството, се чекаат резултати од 63 лица, како медицински персонал во болницата, така и членови на семејството, па ќе се прави план за работа во болницата- рече Филипче.

На владина седница, рече Филипче, донесовме повеќе мерки кои се однесуваат на Куманово.

-Меѓуградскиот превоз ќе го укинеме целосно, помеѓу Куманово и другите градови, исто така и градскиот превоз и железничкиот патнички јавен превоз. Се даваат препорака за затворање на сите продавници и донесовме одлука со која се задолжува ИЈЗ за поинтензивна работа на цел кумановски регион- рече Филипче.

Со овие мерки, потенцираше Филипче, има сериозна шанса да се спречи патот на ширење на вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот