Филипче: Од голема важност за здравството е поддршката што ја добиваме од Италијанската Република
Министерот за здравство д-р Венко Филипче и амбасадор на Италијанската Република во Република Северна Македонија, н.е. Андреа Силвестри остварија средба на која разменија ноти во врска со Договорот од 2006 година меѓу Италијанската Република и Република Северна Македонија во врска со „Програмата за рационализација на здравствениот систем и за модернизација на биомедицинска опрема”. Со ова ќе се овозможи Министерството за здравство да го искористи преостанатиот износ од расположливото финансирање (над 1,1 милион евра) за набавка на медицинска опрема за болниците во нашата земја.