Филипче: Денеска имаме рекорден број на оздравени лица, 230, се радувам за секој еден оздравен пациент

Денеска имаме рекорден број на оздравени лица, 230. Искрено се радувам за секој еден оздравен пациент. Имаме и рекорден број на направени тестови, благодарение на нашата стратегија за зголемување на капацитетите на тестирање, напиша актуелниот министер за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.

-Да ги почитуваме мерките за заштита! Со почитување на мерките сме чекор поблиску до побрзо и полесно справување со ковид-19 вирусот. Да им помогнеме на нашите здравствените работници, нашите херои во борбата со вирусот. Да се грижиме за сопственото здравје, здравјето на нашите најблиски и да дадеме личен придонес во заштита на колективното здравје. Секој од нас е важен!- напиша на Фејсбук министерот.

Денеска имаме рекорден број на оздравени лица, 230. Искрено се радувам за секој еден оздравен пациент. Имаме и рекорден…

Publiée par Венко Филипче sur Mercredi 8 juillet 2020

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот