Филипче: 10 нови случаи со Ковид-19, утре почнува тестирањето на вработените во градинките

Жени со заштитна маски на плоштад „Македонија“ во Скопје ковид-19 коронавирус
Жени со заштитни маски на плоштад „Македонија“ во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Пет оздравени пациенти во Скопје и во Неготивно, а десет нови случаи во Скопје 6 Куманово 2 и во Прилеп и Велес по еден, информираше министерот за здравство Венко Филипче на денешната пресконференција.

– На инфективна почина еден пациент од Делчево на 60 годишна возраст со други малигни болести, со што бројата на починати е 92. Примени се тројца нови пациенти 41 вкупно хоспитализирани. Направени е 89 тестирања, не е дека тенденциозно се намалува бројот на тестирања, туку нема доволен број со цел за оние кои имаат вистинска индикација за тестирање и поради тоа што овој период имаме слободни капацитети во лаароториите – изјави Филипче.

Министерот за здравство потоа најави и дека од утре ќе се започне со тестирање на вработените во градинките.

– Од утре почнува скринингот, со вработените во градинка со цел финализирање на протоколот за работа во градинките – заклучи Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот