фото: vfmkd.org.mk

Филип Савовски е нов одбојкар на Панатинаикос

Македонскиот репрезентативец Филип Савовски во следната сезона ќе го носи дресот на грчкиот шампион Панатинаикос.

Средниот блокер и клубот се договорија на едногодишна соработка.

Со овој трансфер интернационалната кариера на 23-годишниот одбојкар добива нова димензија.

– Претставува посебно задоволство, но и најголем предизвик досега во кариерата потписот со Панатинаикос. Клуб со голема традиција, актуелен шампион на Грција и не се сомневам дека целите и во следната сезона ќе бидат високи. Професионално ќе се искачам скалило повисоко со оглед на тоа дека екипата ќе настапува во Лигата на шампионите, што истовремено ќе претставува и ново искуство и можност за напредување и докажување. Се договоривме на едногодишна соработка и се надевам дека ќе имам успешна и пред се здрава сезона – вели Савовски.

Савовски својата кариера ја започна во Весна Пробиштип, потоа преминува во Струмица 47&72 со кој ја освојува двојната круна во македонското првенство, а првиот интернационален чекор го прави во српските клубови Војводина и Нови Сад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот