Unsplash
Бебе/ фото: МИА

Фиксација да се добие син: Во Косово има двојки кои „ги предизвикуваат“ законите на природата

Да се има машко дете. Патријархалниот менталитет кој се пренесува низ генерации во Косовското општество.

Патријархалниот менталитет наследен со генерации во косовското општество им дозволува на многу брачни двојки на кои не им се родиле синови на природен начин, да бараат различни начини за раѓање на машко дете.

Поради оваа причина, косовските двојки користат алтернативни медицински методи за раѓање на машко дете, иако законот за репродуктивно здравје забранува таква активност на репродукција врз основа на изборот на полот на детето. И покрај тоа,  специјалистите гинеколози им помагаат  жените да најдат решение за селекција на полот, што не само што е незаконско, туку и казниво.

Жената која прифатила да зборува за емисијата „Удхеве“ од Косово,  анонимно кажала дека не е единствената на која гинекологот и препорачал алтернативни медицински методи за да забремени и да добие син. Од исповедта на оваа жена се разбира дека имало лекари кои го прекршиле законот со тоа што се подложиле на патријархалните обичаи. Секако, тоа го направиле во замена за пари, ветувајќи им на паровите дека ќе добијат машко дете.

„И мене ми даваа различни инјекции … но не прифатив, единствената интервенција што ја имав кај мене беше ротацијата на страната на детето“ .

Според Претседателот на Здружението на гинеколози на Косово, д-р. Шефќет Лулај доколку има такви лекари сериозно го нарушуваат имиџот на „белите мантили“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот