
ФИБА „Челенџер“: Јуниорките во две четвртини без постигнат кош против Словенија
Женската јуниорска селекција на Македонија го запиша вториот пораз на ФИБА „Челенџер“ турнирот кој деновиве се игра во Софија, Бугарија.
Препорачано
Нашите млади кошаркарски надежи беа декласирани од репрезентацијата на Словенија со конечен резултат 88:22. Во две четвртини нашите кошаркарки не успеаја да постигнат ниту еден поен (34:0, 11:13, 13:9, 30:0).
Лошиот вовед во овој натпревар ги чинеше висок пораз нашите млади кошаркарки. Тешко се снаоѓаа со пресингот на противничката екипа, имавме сериозни проблеми со организацијата на играта што резултираше со висока негатива на полувремето (45:13).
Не се опоравивме од случувањата во првиот дел од играта. Словенија се покажа како доминантен ривал и со право окарактеризиран како топ фаворит за првото место во оваа група од „Челенџер“ турнирите.
На третиот ден од „Челенџерот“ нашата селекција „Под 18“ години, утре од 19.00 часот, игра против репрезентацијата-домаќин, Бугарија.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
2час
-
2час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5